ЧПП

  • Што е споделување неконсензуални интимни слики (NCII)?

    NCII е чин на споделување нечии интимни слики или видеа, онлајн или офлајн, без негова/нејзина согласност. Ова може да вклучува манипулирани слики/дипфејкови.

  • Што се подразбира под „интимни“?

    Интимни слики се фотографии и видеа од лица кои се голи или во долна облека, кои покажуваат гениталии или учествуваат во сексуални активности или сексуални пози. Може да дознаете повеќе за злоупотребата на интимни слики овде.

  • Дали е нелегално да се споделуваат интимни слики без согласност?

    NCII сè повеќе се препознава како криминално дело во разни делови на светот. Можете да се обратите до некој квалификуван за да ви даде правен совет: https://revengepornhelpline.org.uk/how-can-we-help/if-we-can-t-help-who-can/help-for-victims-outside-the-uk/.

  • Кои се жртви на злоупотреба на интимни слики?

    Секое возрасно лице може да биде жртва на злоупотреба на интимни слики, без оглед на полот или сексуалната ориентација. Ако сликата прикажува лице под 18 години — дури и ако е ваша слика и сега сте над 18, испратете ја на TakeItDown.

  • Што ако некој се заканува дека ќе ги сподели моите слики или ако сум загрижен/а дека можеби ќе бидат споделени?

    Препорачуваме да креирате случај на StopNCII.org за заштита на вашите слики и да се обратите на локална служба за поддршка за совет и помош.

  • Што ако некој друг е на сликите што сакам да ги поднесам?

    Без разлика кој друг е на сликата, ако вие сте на некоја интимна слика и таа се споделува без ваша согласност, тоа е NCII и можете да ја хаширате таа слика.

  • Што ако некој веќе ги споделил моите интимни слики на интернет?

    Ако вашите интимни фотографии веќе се споделени онлајн, првиот чекор треба да биде да ги пријавите на соодветните платформи. Исто така, можете да ги додадете на StopNCII.org за заштита во иднина.

  • Моето прашање не е наведено овде. Може ли да контактирам со StopNCII.org?

    Ако вашето прашање не е опфатено, ве молиме контактирајте го нашиот тим на stopncii@swgfl.org.uk и ќе се обидеме да го додадеме во нашите ЧПП во иднина. Не можеме да повратиме броеви на случаи, ПИН-кодови или да ги отстраниме хашовите, и таквите барања нема да добијат одговор.

    Имајте предвид дека оваа е-пошта не е е-пошта за поддршка и не може да понуди дополнителна помош за отстранување или пријавување содржина. Ако сметате дека ви треба дополнителна поддршка, посетете ја нашата страница за поддршка.

  • Како функционира StopNCII.org?

    Алатката функционира така што генерира хаш од вашите интимни слики/видеа. Хаширањето слики е процес при кој со помош на алгоритам се доделува уникатна хаш-вредност на сликата. Сите идентични копии на сликата имаат иста хаш-вредност. Поради тоа, понекогаш се нарекува „дигитален отпечаток“. Потоа, StopNCII.org го споделува хашот со партнерските компании за тие да помогнат во откривањето и отстранувањето на сликите за да не се споделуваат онлајн.

  • Како функционира дигиталниот отпечаток?

    Дигиталниот отпечаток – или хаш, како што технички се нарекува – е сличен на баркод што се додава на фотографија или видео кога се обработува преку нашата технологија. Хашот потоа се чува во базата на StopNCII.org и се споделува со платформите-партнери. Хашовите се споредуваат со секоја слика што е поставена на платформите-партнери и, ако се пронајде совпаѓање, сликата се отстранува. Алгоритмите што ги користиме се PDQ/PhotoDNA за фотографии и MD5 за видеа. Тие се со отворен код и се индустриски стандард за апликации како нашата.

  • Како ќе знам дека мојот хаш е прифатен?

    Можете да пристапите до таблата за следење за да го проверите статусот на вашиот случај, каде што можете да видите дали сликата е блокирана. Може да бидат потребни 3-5 дена за да се прикажат сите новости. 

  • Што се случува со мојот хаш откако ќе биде додаден во банката?

    Откако ќе го креирате вашиот хаш и ќе го доставите во банката на StopNCII.org, тој ќе биде испратен до платформите на компаниите-партнери. Ако некој се обиде да прикачи слика што се совпаѓа, платформите ќе ја прегледаат содржината за да проверат дали ги прекршува нивните политики и ќе преземат соодветни мерки. Хашовите ќе се споделуваат со новите партнери како што ќе се приклучуваат на StopNCII.org.

  • Дали некој ќе ги види моите слики?

    Никој нема да ги види вашите слики кога се креира хашот; сликите нема да го напуштат вашиот уред. Ако некој се обиде да прикачи слика што се совпаѓа на некоја од платформите на нашите компаниите-партнери, таа платформа ќе ја прегледа содржината за да провери дали ги прекршува нивните политики и ќе преземе соодветни мерки.

  • Што ќе се случи ако го изгубам ПИН-кодот или акредитивите за најава?

    За жал, овие информации не може да се повратат, затоа чувајте ги на безбедно. Ако го изгубите бројот на случајот или ПИН-кодот, нема да можете да го проверите статусот на случајот или да ги повлечете вашите хашови. Не можеме да ви помогнеме да го ресетирате ПИН-кодот или да го повратиме бројот на случајот, бидејќи не ги зачувуваме тие информации. За време на процесот на поднесување, можете да изберете бројот на случајот да ви биде испратен преку системски генерирана е-порака. Заради вашата приватност и безбедност, нема да ја чуваме вашата е-адреса ако го направите ова.

  • Зошто не можам да креирам сметка со мојата адреса за е-пошта?

    Целта ни е да ја минимизираме количината на податоци што ги споделувате, па затоа не бараме и не ни е потребна вашата е-адреса за да се креира случај. Сè што треба да направите е да ги хаширате вашите слики и да ги зачувате вашиот ПИН-код и бројот на случајот. На овој начин, ние чуваме минимални лични податоци (само она што е навистина потребно за работењето на услугата).

  • Кои се ограничувањата на технологијата?

    StopNCII.org користи технологии за споредба на слики што се широко користени во технолошката индустрија за откривање точни совпаѓања на претходно идентификувана содржина која ги прекршува политиките и спречува таа повторно да се споделува. Сепак, ако хашираната слика е менувана – на пример исечена, со додадени филтри или е исечено видео – оригиналниот хаш можеби нема да ја препознае. Изменетата слика ќе треба да се хашира одделно.

  • Во кој формат/големина треба да бидат моите слики?

    Сликите и видеата треба да бидат во jpeg, jpg, png, gif, psd, tiff, xcf, tga, miff, ico, dcm, xpm, pcx, bmp, mp4, mov, avi, qt или wmv формат. Поголемите видеа може да треба да се намалат и да се хашираат поединечно. Максималниот број на хашови што може да се прикачат одеднаш е 20, за да се минимизира оптоварувањето при обработката на поединечните уреди.

  • Мојот хаш не е успешно креиран – зошто?

    Чести можни причини зошто хашот не ви успеал се следниве: Вашата слика можеби не е во поддржан формат. Ако прикачувате видео, можеби датотеката е преголема и вашиот прелистувач не може да ја обработи. Може да дошло до техничка грешка. Испратете ги сите грешки на stopncii@swgfl.org.uk

  • Можам ли да испратам снимки од екран?

    Најдобро е да се користи оригиналната слика, но ако имате само снимка од екран (screenshot), можете да ја користите и неа. Пред да ја испратите, уверете се дека сте отстраниле сè околу сликата (на пр. рамки), без да ја исечете самата слика.

  • Дали хашот на видеото ќе ја покрие и сликичката?

    Видеата и сликите користат различни формати за хаширање, бидејќи секое видео обично има сликичка. Препорачуваме да направите неколку снимки од екранот (screenshots) од видеото и да ги хаширате заедно со вашите видеа.

  • Дали StopNCII.org ќе ја зачува мојата оригинална слика/видео?

    Не. Вашите слики никогаш нема да излезат од вашиот уред и ние никогаш нема да ги зачуваме. Ги чуваме само дигиталните отпечатоци, познати и како хашови. Нашите партнери можат да пристапат само до хашовите за да ги споредат со сликите поставени на нивните платформи.

  • Колку време е потребно за моите слики да бидат заштитени?

    Хашот се креира веднаш. Ако се пронајде совпаѓање, платформите ќе ја модерираат содржината.

  • Може ли да додадам повеќе слики во мојот случај?

    Не. Потребно е да започнете нов случај.

  • Дали треба да ја чувам интимната слика на мојот уред засекогаш?

    Не. Откако ќе се креира хашот, можете да ја избришете сликата од вашиот уред ако сакате. Хашот ќе остане и, како траен отпечаток, ќе ја препознае сликата ако се најде совпаѓање на платформите-партнери.

  • Што е со „дипфејк“ сликите (deepfake) или синтетичките слики?

    Ако дипфејк сликата или синтетичката слика е од вас, ако имате пристап до неа и на неа сте голи или делумно голи, можете да ја хаширате. Овие слики се вклучени во дефиницијата за NCII.

  • Јас сум жртва на сексуална изнуда (сексторција)/уценување преку веб-камера. Може ли да ја користам StopNCII?

    Да. Ако имате пристап до содржината, можете да креирате случај. Ако имате само снимки од екранот (screenshots), исечете ги колку што можете. Сепак, ова можеби нема да ве заштити од споделување на видеото.

  • Може ли да се предомислам и да ги повлечам моите хашови од StopNCII.org?

    Да, можете да го повлечете вашиот случај во секое време. Отидете на страницата „Статус на случајот“ и кликнете на копчето „Повлечи“. За да пристапите до страницата „Статус на случајот“, ќе ви бидат потребни бројот на случајот и ПИН-кодот создадени при поднесувањето. Со кликнување на „Повлечи“ ќе се отстрани целиот случај. Иако можете да го повлечете, имајте предвид дека платформите-партнери можат сè уште да ги применуваат своите политики откако ќе бидат запознаени со хашот.

  • Може ли да ја видам алатката во акција?

  • Кои платформи моментално ја користат оваа технологија за заштита на мојата слика?

    Тековните учесници може да ги најдете овде. Секогаш се обидуваме да го прошириме списокот на партнери.

  • Кои информации ги чува StopNCII?

    StopNCII не зачувува податоци, туку само хашот. Не се чуваат лични податоци, па затоа е важно да ги чувате вашиот ПИН-код и бројот на случајот на сигурно место. За повеќе информации, видете ја нашата политика за приватност овде.

  • Дали се опфатени културно чувствителни слики?

    Можеме да прифатиме само хашови кои ги исполнуваат горенаведените критериуми. Сепак, разбираме дека и други видови слики можат да предизвикаат проблеми. Погледнете го делот Ресурси и поддршка за повеќе информации или, за дополнителна помош, разговарајте со еден од нашите партнери во вашата земја. Повеќе информации може да најдете овде.

  • Дали StopNCII.org опфаќа шифрирани услуги?

    Не. StopNCII.org работи само на платформи, објави, приказни, видеа и слично што се јавно достапни. Повеќето платформи за пораки користат енкрипција, па технологиите за хаширање не може да се применат.

  • Дали StopNCII.org спречува споделување интимни слики низ целиот интернет?

    Не. StopNCII.org работи само со платформите-партнери наведени на нашата страница за партнери. Постојано се обидуваме да соработуваме со повеќе онлајн платформи за да го прошириме опсегот на StopNCII.org.

  • Дали треба да поднесам оригинална и изменета слика?

    Поднесете ја само сликата што сакате да биде отстранета од платформите-партнери. На пример, ако сакате да се отстрани изменета слика, поднесете ја само таа.

  • Сакам да разговарам со некого за тоа што се случи и како се чувствувам. Како можам да добијам поддршка?

    Овде можете да најдете услуги што нудат поддршка.

  • Мојата содржина веќе е споделена, што можам да направам?

    Ако вашите интимни фотографии веќе се споделени онлајн, првиот чекор треба да биде да ги пријавите на соодветните платформи. Исто така, можете да ги додадете на StopNCII.org за заштита во иднина.

  • Кој може да ја користи оваа услуга?

    За да ја користите оваа алатка, треба да ги исполнувате следниве критериуми:

    • Сликата е ваша и имате пристап до неа.
    • Сликата е интимна по природа (гола или сексуална).
    • На сликата имате над 18 години.
  • Може ли да поднесам слики во туѓо име?

    Не, не можете. Можеме да примиме хашови само од лицето прикажано на содржината. Безбедно охрабрете ја личноста на сликата (ако ја познавате) сама да го започне процесот. Ако има тешкотии и ѝ е потребна дополнителна помош, обратете се до една од службите за поддршка наведени овде: https://stopncii.org/partners/global-network-of-partners/.

  • Дали морам да бидам во Обединетото Кралство за да ја користам алатката?

    Не, може да ја користите каде било во светот.

  • Имам помалку од 18 години, зошто не можам да ја користам StopNCII.org?

    Законот за голи или сексуални слики од деца е многу поинаков од законот за возрасни луѓе во повеќето делови на светот. Затоа, ако сте на возраст под 18 години на сликите или видеата, можете да побарате помош од TakeItDown. За повеќе информации, видете го делот Ресурси и поддршка.

  • Што е SWGfL?

    SWGfL (www.swgfl.org.uk) е хуманитарна компанија со меѓународна репутација која работи за да се осигури дека секој може да има корист од технологијата без да биде изложен на штета. Со повеќе од 22 години постоење, оваа хуманитарна организација е одговорна за наградувани услуги, ресурси и кампањи, како и за управување со три линии за помош кои поддржуваат жртви на разни онлајн штети. Таа соработува со владини институции и во земјата и во странство и има настапувано на конференции низ Европа, Америка, Азија и Африка. SWGfL, заедно со партнерите Childnet и Internet Watch Foundation, ја води Центарот за побезбеден интернет во Обединетото Кралство.

  • Дали StopNCII.org е владина иницијатива?

    StopNCII.org е алатка која ја развија Meta и непрофитната хуманитарна организација SWGfL. Алатката не е поврзана со ниту една владина организација, туку работи само со партнерските платформи за социјални медиуми и нашата глобална мрежа на невладини организации.

  • Дали StopNCII.org пријавува содржина или поединци во полиција?

    StopNCII.org не соработува со полицијата за пријавување содржини, но нашата глобална мрежа на партнери може да понуди поддршка и да ви помогне да преземете понатамошни чекори ако е потребно.