Како да постапите ако некој се заканува дека ќе ги сподели вашите интимни слики?

Креирајте свој случај

Не сте сами

Дали сте загрижени дека некој може да ги сподели вашите интимни слики онлајн? Дали ова веќе ви се случило?

Тука сме да ви помогнеме

Како функционира StopNCII?

Линијата за помош за „одмаздничка порнографија“ (Revenge Porn Helpline – RPH) е основана во 2015 година, и таа им има помогнато на илјадници жртви на неконсензуална злоупотреба на интимни слики.

Што е StopNCII.org?

StopNCII.org е бесплатна алатка осмислена да им помогне на жртвите на неконсензуална злоупотреба на интимни слики (NCII).

Алатката функционира така што генерира хаш од вашите интимни слики/видеа. Потоа, StopNCII.org го споделува хашот со партнерските компании за тие да помогнат во откривањето и отстранувањето на сликите за да не се споделуваат онлајн. Дознајте повеќе за алатката и партнерските компании.

Хаширањето слики е процес при кој со помош на алгоритам се доделува уникатна хаш-вредност на сликата. Сите идентични копии на сликата имаат иста хаш-вредност. Поради тоа, понекогаш се нарекува „дигитален отпечаток“. 

За да дознаете повеќе, посетете ја страницата „Како функционира?“.

Со стапка на отстранување од над 90 %, RPH успешно отстрани од интернет над 300.000 индивидуални неконсензуални интимни слики.

Со StopNCII.org управува Revenge Porn Helpline, која е дел од SWGfL, непрофитна добротворна организација со меѓународна репутација чија мисија е да се осигури дека сите можат безбедно да имаат корист од технологијата. Основана во 2000 година, SWGfL соработува со бројни партнери и засегнати страни ширум светот за да ги заштити луѓето на интернет.

Линијата за помош за „одмаздничка порнографија“ (Revenge Porn Helpline – RPH) е основана во 2015 година, и таа им има помогнато на илјадници жртви на неконсензуална злоупотреба на интимни слики. 

Запомнете, сите ваши чувства се важни. Вие сте жртва на злоупотреба.

Ја штитиме вашата приватност

Алатката генерира хашови (дигитални отпечатоци) на сликите што ги избирате директно на вашиот уред. Овој хаш (отпечаток) е единствената датотека што се споделува со StopNCII.org и партнерските компании. За да ја заштити вашата приватност, StopNCII.org не ги презема вашите слики и собира само минимални податоци потребни за функционирањето на услугата.

Прочитајте ја нашата политика за приватност

Кој може да користи алатката StopNCII.org? 

Можете да ја користите алатката StopNCII.org. ако ги исполнувате следниве услови.  

Дали сте:

  • Лицето кое е на сликата? (Зошто ве прашуваме ова?)
  • Дали сте имале 18 години или повеќе кога била направена сликата?
  • Дали во моментов имате над 18 години? (Зошто ве прашуваме ова?)
  • Дали сѐ уште ја имате сликата или видеото?
  • Дали на сликата/видеото сте голи, полуголи или се впуштате во сексуален чин?

Доколку сите овие услови важат за вас и сте подготвени, можете да продолжите со користење на алатката StopNCII. Кликнете на „Креирајте го вашиот случај“.

Ако не ги исполнувате сите критериуми, сѐ уште може да добиете помош. Кликнете овде за повеќе информации.